OSCAR d-t
Политика на приватност
За OSCAR d-t, приватноста на нашите клиенти е приоритет. Оваа Политика на приватност објаснува како ги собираме, користиме и штитиме Вашите лични податоци при посета на нашата веб-страница.
Кои податоци ги собираме?
Ги собираме само основните податоци неопходни за процесирање на Вашите нарачки: име и презиме, адреса за достава, е-маил адреса и телефонски број.
Цел на обработка
Вашите податоци ги користиме исклучиво за:
- Успешно процесирање и испорака на Вашите нарачки.
- Комуникација со Вас во врска со статусот на нарачката.
- Подобрување на корисничкото искуство на нашата страница.
Заштита на податоците
Вашите податоци се чуваат со највисоки безбедносни стандарди. Тие не се споделуваат со трети лица, освен со овластените курирски служби неопходни за испорака на Вашите производи.
Права на корисниците
Во секое време имате право да побарате пристап до Вашите податоци, нивна исправка или бришење. Доколку сакате да ја повлечете согласноста за обработка, контактирајте нè на: oscar.dt.jewellery@gmail.com или 078 268 066.